Де Геа: Не знам што се случува, не можеме да дадеме ни еден гол на два натпревари

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед игра очајно, последното големо разочарување беше викендов кога тимот загуби на гостувањето кај Њукасл со 1-0.

„Натпреварот е неприфатлив, цела сезона е неприфатлива за вас. Не креираме никаква нормална шанса. Треба многу да се подобриме. Не знам што да кажам“, вели Де Геа.

„Имаме повреди, но тоа не е изговор. Ние сме Манчестер јунајтед треба да продолжиме да работиме и да се вратиме на победите“.

„Ова веројатно е најтешкиот период откако сум тука. Не знам што се случува. Не можеме да постигнеме ниту еден гол во два натпревари. Жал ми е за фановите. Ние ќе продолжиме да се бориме. Ќе се вратиме, но во моментов ситуацијата е тешка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×