Кевин Де Брујне
игра во животна форма, но Белгиецот ќе го пропушти денешниот меч против Динамо
Загреб на домашен терен во рамките на второто коло од Лигата на шампионите
поради повреда.
Гвардиола го
имаше својот најдобар фудбалер во моментов за гостувањето кај Евертон
изминатиов викенд каде „Граѓаните“ славеа со 1-3, меѓутоа тој дефинитивно
вечерва ќе отсуствува, дополнително, ќе следат и медицински тестови за да се
утврди дали би бил во можност за настап против Вулверхемптон на домашен терен
во недела, во рамките на редовното осмо коло од Премиерлигата.
Де Брујне го
пропушти вчерашниот тренинг на англискиот првак, а тоа донесе загриженост кај
Манчестер Сити, кому сигурно би му било тешко без неговите „магични“ асистенции
на подолг рок.
Ланската сезона
Белгиецот мака мачеше со повредите, меѓутоа оваа сезона Де Брујне забележа
настап на сите натпревари за „Граѓаните“ досега во Премиерлигата, а настапи и
во првото коло од Лигата на шампионите.