Де Брујне слета во Рим, почнува комплетирањето на трансферот во Наполи! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Белгиската ѕвезда, Кевин Де Брујне пристигна во Италија за да ги помине медицинските тестови со Наполи и да стави потпис на договор со италијанскиот шампион.

Дестинацијата на која слета Де Брујне е Рим, таму ќе ги помине медицинските тестови по кои ќе го потпише договорот, а потоа ќе одлета кон Неапол.

Де Брујне одби големи понуди од Саудиска Арабија и САД за да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво.

Тој треба да биде мега засилување за италијанскиот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×