196
Манчестер Сити со 3-1 го победи Јунајтед на Олд Трафорд и направи крупен чекор кон финалето во Лига Купот.
Сити беше доминантен во првиот дел во кој направи предност од 3-0 а имаше шанси и за поголемо водство. Во вториот дел го намали интензитетот на игра и гледаше да го сочува резултатот.
На прашањето колку време им требаше да го подготват планот за игра против Јунајтед со оглед на тоа што играа без класичен шпиц, Де Брујне рече: „Ни беа потребни 15 минути утрината пред натпреварот. Само толку“.
„Во понеделникот не трениравме, се собравме утрината (на денот на мечот) и решивме како ќе играме. Но тоа не е нешто што не сме го правеле и порано“.