Како што пренесува Мирор, Кевин Де Брујне решил да остане во Манчестер Сити и да ја одбие понудата на Ал Итихад за плата од 1 милион фунти неделно.
Кевин Де Брујне ова лето самиот ја отвори вратата за преселба во Саудиска Арабија и порача дека добро ќе треба да размисли доколку добие апсурдна понуда со која ќе ги обезбеди роднините, внуците, правнуците и пријателите.
Минатата недела се појавија информации дека тој договорил преселба во Ал Итихад, но последните информации велат дека фудбалерот од Белгија продолжува во Манчестер Сити.
По разговор со сопругата, Кевин Де Брујне одлучил дека е најдобро да остане во актуелниот шампион на Англија.
Како што пренесува Мирор, понудата која ја одбил од Саудиска Арабија била за плата од 1 милион фунти неделно.