172
Манчестер Сити сосема
очекувано поведе на гостувањето кај Њукасл во редовното 20 коло од англиската
Премиерлига, а водечкиот гол за тимот на Гвардиола го постигна Стерлинг во 31. минута.
Голот на Стерлинг дојде
по една неверојатна асистенција на Кевин Де Брујне кој „снајперски“ го пронајде
својот соиграч кому не му беше толку тешко да ја смести потоа топката во
мрежата од голот на домаќините.