2,5K
Новинарот на „Скај Спортс“, Саша Таволиери тврди дека Кевин Де Брујне донел одлука за својата иднина, реализацијата на трансферот наскоро почнува.
Де Брујне дал зелено светло да се почнат преговори со Наполи. Наводно му се допаднал проектот на Антонио Конте, а бил убеден и од претседателот Аурелио Де Лаурентис.
Белгискиот фудбалер сакал работите да се официјализираат пред тој да замине на одмор.
Се очекува да потпише двегодишен договор, со опција и за трета сезона.
Наполи не може да му ја понуди платата која ја добива во Манчестер Сити, но се очекува двете страни да најдат компромисно решение.