Фудбалерите на Манчестер Сити оваа сезона беа жртва на голем број груби стартови, Пеп Гвардиола во неколку наврати јавно побара од судиите да ги заштитат неговите избраници, но тоа не ги спречува противниците да продолжат во ист стил.
Лерој Сане беше повреден против Кардиф во ФА Купот минатиот викенд, а на последниот натпревар против ВБА, жртви на нови груби стартови беа Кевин Де Брујне и Брахим Диаз.
Белгиецот беше мета на Мекклин, кој во обид да ја спречи контрата на „Граѓаниет“ од зад грб му „влезе“ на Де Брујне со две нозе.
„Во прв момент не приметив колку е опасен стартот, но се зачудив кога го видов на повторни снимки. Противникот и топката не беа во иста населба! Судијата ми кажа дека не можел да му покаже црвен бидејќи немало доволно контакт а јас му одговорив: „Кога видов што прави веднаш скокнав““ – вели Де Брујне.
„Не знам што мислат противниците, но ако толку решиле да ме сопрат по секоја цена подобро да ме повлечат за дрес наместо да ме „покосат“ и да ми скршат нога“.
Де Брујне се најде во иста ситуација и на дуелот со Кристал Палас, кога влечеше контра а од зад грб со две нозе му влезе противнички играч. Тогаш Белгиецот беше изнесен на носилки и се стравуваше дека заработил потешка повреда, но за среќа помина без последици.