Де Брујн со преубав потег во тунелот по мечот со Вулверхемптон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити потешко од очекувањата ја мина
осминафиналната рунда од Лига Купот на Англија откако на пенали обезбеди триумф
пред своја публика над Вулверхемптон.

Интересен детал уловија камерите по крајот на оваа средба
каде во фокусот на вниманието се најде Белгиецот Кевин Де Брујн.

Ѕвездата на Сити најпрво му го даде својот дрес на 19
годишниот Ирец, Конор Ронан кој влезе во 73. минута во таборот на гостите и
блесна со своето издание, а потоа го побара и неговиот дрес, со целосен респект
кон него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани