Давид Виља става крај на фудбалската кариера

by
1 минути читање

Виља кој во моментов игра за јапонскиот тим Висел Кобе, објави дека ја завршува фудбалската кариера.

Тој е вистинска фудбалска легенда, го освои Светското првенство во 2010 година, Европското првенство во 2008 година и Лигата на шампионите со Барселона во 2011 година.

Со 59 постигнати гола од 98 натпревари Давид Виља е најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација.

„По 19 години како професионалец, одлучив да се пензионирам од играњето фудбал на крајот од оваа сезона. Им благодарам на сите тимови, тренери и соиграчи кои ми овозможија да уживам во оваа кариера од соништата. Благодарност за мојата фамилија која секогаш ме поддржуваше“, напиша Давид Виља на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×