1,1K
Поранешниот репрезентативец на Бразил, Давид Луиз потпиша за својот седми клуб во својата 19 години долга кариера.
Во прашање е Форталеза, клуб кој го посакуваше и порано, меѓутоа се чекаше да заврши неговиот договор со Фламенго.
Луиз ќе се обиде да помогне на Форталеза со своето богато искуство низ кариерата во која настапуваше за: Бенфика, Челзи, ПСЖ, Арсенал и Фламенго. Со Челзи имаше најголем успех и успеа да триумфира во Лигата на шампионите и двапати во Лигата на Европа, но и во Премиер лигата и ФА Купот.
Исто така треба да се каже и дека беше дел од идеалниот тим на Мундијалот во 2014 година.