Давид де Хеа објасни зошто чекал 13 месеци за да најде нов клуб по разделбата со Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање
Де Хеа

Давид де Хеа вели дека му било тешко да најде мотивација по разделбата со топ клуб како Манчестер јунајтед и 12 години поминати на Олд Трафорд, но решил да му се врати на фудбалот кога Фиорентина доставила понуда.

Давид де Хеа повеќе од една година беше без клуб откако се раздели со Манчестер јунајтед во јули 2023.

По многу шпекулации за крај на кариерата, голманот ова лето му се врати на фудбалот и прифати едногодишна соработка со Фиорентина.

„Никогаш не помислував за пензија“ – рече Шпанецот на промоцијата. „Едноставно ми беше тешко да најдам права мотивација за ново поглавје во кариерата откако поминав 12 години во топ клуб како Манчестер јунајтед… и конечно го почувствував тоа кога Фиорентина тропна на мојата врата“.

За преселбата во Фиренца, тој вели: „Имав многу понуди, но сакав да играм во Серија А, па кога Фиорентина достави понуда, се беше многу лесно. Двете страни сакаа да се случи ова, па преговорите беа едноставни“.

„Фиорентина беше најдобрата опција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани