158
Романскиот
прволигаш Виторул ја прекина соработката со четворица фудбалери од својот
состав, меѓу кои се најде и 27 годишниот македонски интернационалец Давид
Бабунски.
Бабунски потпиша
за Виторул во зимскиот преоден рок, меѓутоа не го одработи својот договор до
крај, а истиот имаше важност до 2023 година, а раскинот на договорот се случил спогодбено помеѓу обете страни.
Изминатата сезона
македонскиот фудбалер одигра само четири меча во дресот на Виторул, а запиша една
асистенција во сезона каде тимот од Констанца играше во групата за обезбедување
опстанок во романската Лига 1, а клубот успеа да остане во елитната
конкуренција од тоа првенство.