365
Поради тоа што беше во втор план, Бабунски го раскина договорот со Јокохама, но не му требаше многу за да пронајде нов клуб.
Нашиот фудбалер потпиша договор со Омија Ардија, клуб кој се натпреварува во втората лига но има амбиции да влезе во јапонската Џеј лига.
„Благодарам за раководството на клубот што ми овозможи да останам во Јапонија. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе за подобри резултати на тимот и пласман во Џеј лигата“, изјави Бабунски на промоцијата.