Давид Бабунски има нов клуб (ФОТО)

by
0 минути читање

Давид Бабунски потпиша двегодишен договор со унгарскиот клуб Дебрецин кој е повратник во најдобрата лига од оваа земја.

Дебрецин е легендарен клуб од Унгарија, седумкратен шампион, но клуб кој имаше и падови. Минатата година го освоија првото место во унгарската лига, а целта за следната е да се борат и за позициите кои водат во Европа.

По заминувањето од Барселона каде беше дел од младинскиот и вториот тим, Давид Бабунски играше за Црвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани и Виторул Константа. За македонската репрезентација има девет меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×