Фудбалерите на Интер ја забележаа тринаесеттата победа во Серија А и одржаа чекор со водечкиот Наполи. Шампионот се радуваше на гостувањето на „Пјерлуиџи Пенцо“ кај Венеција со минимални 0-1.
Резултатот беше отворен по 16. минути игра кога Матео Дармијан искористи одбиена топка во шеснаесетникот и ја испрати во мрежата на домашните за 0-1. Иако голот се проверуваше во ВАР собата за потенцијален офсајд, судиите само го потврдија.
Интер во продолжението играше на рутина, не ризикуваше премногу и лесно го одржуваше водството.
Имаа домашните шанси да се враттатт преку Думбиа и Бусио, меѓутоа Јан Зомер еднаш одбрани, а во втората ситуација се тресеше стативата. Во судиското продолжение и Похјанпало се обиде, ама неуспешно.