195
Дарко Велковски е блиску до нов ангажман. Мкедонскиот репрезентативец преговара за потпис со ФК Железничар, јавуваат босанските медиуми.
29-годишниот стопер е слободен агент по кратката епизода во унгарска Нирегихаза, а Железничар го гледа како засилување во одбраната за новата сезона. Преговорите се во завршна фаза и се очекува наскоро да биде постигнат договор.
Велковски има богато искуство, над 55 настапи за Македонија, вклучувајќи и настап на ЕУРО 2021. На клупски план беше дел од Работнички, Вардар, Ријека, Ал-Етифак, Динамо Букурешт.