Македонската легенда Дарко Панчев доби огромно признание од Црвена Звезда. Најдобриот македонски стрелец е избран во идеалниот тим на белградскиот гигант на сите времиња.
Во изборот што го организираше „Моцарт Спорт“ учествуваа голем број легенди на клубот и новинари од Србија. Панчев блескаше во дресот на Звезда, со која ја освои европската титула во 1991 година, а засекогаш ќе се памети неговиот пенал во Бари. Честа да се најде во изборот ја доби и Илија Најдоски, кој е вклучен меѓу резервите.
Во идеалниот тим покрај Панчев се најдоа уште: Драган Џајиќ, Дејан Савичевиќ, Драган Шекуларац, Драган Стојковиќ, Владимир Југовиќ, Душан Петровиќ, Синиша Михајловиќ, Мио Дедиќ, Немања Видиќ и голманот Владимир Беара. Тимот од клупата го води славниот Миљан Милиќ.