Дарко Панчев е нов спортски директор на Вардар

by
2 минути читање

Од денеска Дарко Панчев повторно е во „својот“ Вардар, легендарниот фудбалер на „црвено-црните“ е нов спортски директор на клубот.

„Мислам дека нема потреба да се преставувам, сите знаете кој сум, ниту да зборувам што претставува Вардар во мојата кариера и во мојот живот. Нормално се чувствувам возбуден што сум на помошното игралиште на Вардар каде што ја почнав кариерата. Прекрасно е да знам дека секојдневно ќе бидам на стадионот кој за мене и за многу други засекогаш ќе остане Вардаров стадион“ – вели Дарко Панчев.

„Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар и г-нот Сергеј Самсоненко најдоа вистински начин, можеби и вистински момент да иницираат средба. Разговорите беа конкретни исто како и понудата, и денеска оваа промоција е резултат на сето тоа. Од она што можев да се запознаав во изминатите две недели, можам да кажам дека во клубот се создадени услови кои ќе овозможат работите да се подобруваат во клубот, и Вардар организациски и фудбалски во догледно време да се издигне на едно ниво погоре“.

„Стратегијата која е зацртана, со некои мои идеи кои мислам дека ќе се вклопат во концептот, се реална основа да биде остварено она што е желба на раководството, навивачите и пошироката јавност. Јас ќе си дадам време да се запознаам со реалнисте состојби и со играчкиот потенцијал во Првиот тим кој што во домашното првенство е добро позициониран, а ќе се обидеме заедно со стручниот штаб во блиска иднина да се подобрат нештата и на меѓународните натпревари“.

„Посебно ќе се концентрираме и на младинската школа која може и мора да биде расадник на потенцијални квалитетни фудбалери за професионалниот погон. Другите идеи кои се однесуваат на важн сегменти за подобрување на посетеноста, меѓународната соработка и соработката со македонските клубот ќе се профилираат и ќе бидат ставени на хартија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани