Дарко Чурлинов и Јагиелонија го кренаа трофејот во Суперкупот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јагиелонија го освои трофејот во Суперкупот, откако минимално ја совладаа екипата на Висла (1-0).

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стартер и остана на теренот до 66. минута, а иако немаше директен придонес одигра солиден меч. Крилниот фудбалер беше еден од најдобро оценетите на теренот.

Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Вилар Мики кој во 13. минута го отвори резултатот. До крајот на средбата немаше промени на резултатот.

Ова за Чурлинов беше прв трофеј во Полска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани