Данскиот селектор одговори на свирежите: Ќе бевме глупави да им дадеме простор за игра…

by
1 минути читање

Франција и Данска
го одиграа најнеинтересниот меч досега на Светското првенство, одиграа без
голови, а ниту една од обете селекции не прикажа интересна игра на теренот,
ниту имаше битка за победа, а сето тоа донесе големи свирежи од гледалиштето.

Аге Хареиде,
селекторот на Данска вели дека е задоволен од бодот против Триколорите, во
однос на свирежите од трибините одговори дека неговиот тим не бил глупав за да
создаде простор за игра на селекција која е една од најдобрите во светот во
однос на контранападите.

Свирежите? Ни
беше потребен само бод против една од најдобрите репрезентации на светот по
контранапади, ќе бевме глупави да и дадеме на Франција простор. Игравме на
резултат кој ни беше потребен, 0-0, задоволни сме. Кога ви треба бод, најважно
е да играте дисциплинирано, успеавме во тоа
“ рече Хареиде.

Франција во
осминафиналето од Мундијалот ќе ги одмери силите со Аргентина, а Данска закажа
пресметка со Хрватска која заедно со Уругвај се единствените селекции, барем
засега со по максимални 9 бода од групната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани