35
Репрезентацијата на Данска ќе биде ослабена во полуфиналениот бараж против Македонија за пласман на Светското првенство, сега селекторот на Данците остана и без вториот голман.
По претходната повреда на првиот голман Каспер Шмајхел, сега од комбинација најверојатно ќе отпадне и неговата замена, Филип Јоргенсен. Голманот на Челси почувствувал здравствен проблем, поради кој ќе мора да паузира, а тоа го потврди и стратегот на клубот, Лијам Росениор.
Со тоа, селекцијата на Данска останува сериозно ослабена во битката за финале во баражот.
Дуелот меѓу Данска и Македонија е закажан за 26 март во Копенхаген, со почеток од 20:45 часот.