Без голови по првите 45 минути на мечот меѓу Данска и Македонија од баражот за Свеското првенство, домаќините се поопасни, нашите фудбалери храбро се борат.
Македонската репрезентација храбро го почна натпреварот, игравме висок пресинг, но како одминуваа минутите Данска го спушти нашиот гард и најчесто се играше во нашата половина.
Данска беше поопасна во првиот дел, упатија повеќе удари за гол, Столе Димитриевски неколкупати одлично интервенираше и спаси водство за домаќините.
Stole Dimitrievski pic.twitter.com/ZN7LCmlpnn
— goals (@StefanDaskalov5) March 26, 2026
Ние повремено се обидувавме да го загрозиме голот на Данците. Имавме еден удар во голот кога Барди од косо од слободен удар шутираше, но голманот Хермансен лесно го одбрани шутот.
bardi pic.twitter.com/aZfTFe4Apb
— goals (@StefanDaskalov5) March 26, 2026
Статистички Данците беа многу подобри од нас, нас македонските фудбалери храбро се бореа и ја одржуваат шансата за поволен резултат.