Данска го одреди стадионот на кој ќе ја дочека Македонија во баражот за СП

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија го дозна местото каде ќе го одигра најважниот меч во баражот за пласман на Светското првенство. Нашиот национален тим ќе гостува во Копенхаген, каде полуфиналето против Данска ќе се одржи на прочуениот „Паркен“.

Данската федерација веќе ги отвори првичните информации поврзани со билетите. Продажбата ќе стартува во текот на февруари, а интересот кај домашната публика е очекувано голем поради значењето на овој дуел.

Полуфиналето е закажано за 26 март со почеток во 20:45 часот. Доколку Македонија обезбеди финале, пет дена подоцна ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Ирска и Чешка во истиот термин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×