Данило направи
трансфер од редовите на Манчестер Сити во тимот на Јувентус изминатиот летен
преоден рок, а Бразилецот тврди дека неговиот сегашен тренер Маурицио Сари е
идентичен со Пеп Гвардиола.
Бразилецот околу
споредбата тврди дека обајцата се слични во начинот на работа како и во тоа што
на своите фудбалери им даваат голема слобода во индивидуалните способности.
„Торино е
различен во однос на Манчестер, навивачите се многу понавлечени, ќе ве сопрат
на улица постојано, ми се допаѓа сето тоа, тие доаѓаат од сите краеви, премногу
се приврзани кон клубот и максимално мотивирани“ вели Данило за „Глобо Еспорте“.
„Веќе го
запознавам добро градот и се чувствувам одлично засега, веќе се уверив во
спектакуларната кујна, во Манчестер имав само минимални опции по тоа прашање,
во Италија, тука е обемно…“ додава 28 годишниот бек, потоа осврнувајќи се на
разликите помеѓу Пеп и Сари.
„Во Премиерлигата
натпреварите имаат голем интензитет, нема споредби, во Италија пак, повеќе се
работи на тактиката и позиционирањето, ве тера да размислувате повеќе на теренот“
вели тој.
„Сари има модерни
идеи, сака да има посед на топката на високо ниво во дефанзивната линија, сака
посед да имаме постојано, а во однос на сево ова, нема голема разлика за мене,
Сари и Гвардиола се многу слични во повеќе аспекти, посебно во нивниот приод кога
се работи за тактиката и движењето на теренот“ тврди Данило.
„Тие обајцата
доста посветено ги проучуваат противниците и нивните движења, за сето тоа да се
направи целосна анализа потребно е да се анализира секоја ситуација, тоа беше
екстремно анализирано во Сити, се работеше на секое поле, од друга страна пак,
Сари е повеќе еластичен, ви дава повеќе слобода во однос на индивидуалните
иницијативи“ заклучи Бразилецот.