358
Бразилскиот бек Данило заминува од Јувентус и ќе заигра за Фламенго. Постигнат е двегодишен договор меѓу клубот и искусниот фудбалер, а неговиот договор со „старата дама“ беше преинат.
Данило беше член на Јувентус од 2019 година, откако претходно играше за Манчестер Сити, Реал Мадрид, Порто, Сантос и Атлетико Минеиро.
По шест години во Торино, Данило испрати емотивна порака до навивачите и јавноста за простување.