391
Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски игра во солидна форма во турската Втора лига.
29-годишниот офанзивен играч за врска беше двоен стрелец во победата на Болуспор над Аданаспор (3-1). Аврамовски го постигна вториот гол за својата екипа во 43. минута, а потоа во вториот дел во 73. погоди за конечните 3-1 ефектно со глава.
Ова за Аврамовски беа осмиот и деветтиот гол оваа сезона, со што се наоѓа на третото место на листата стрелци во Втората турска лига.