Новинарот Фабрицио Романо вели дека Дани Олмо и дава приоритет на Барселона и повеќе од желен е за трансфер на Камп Ноу, па наскоро „каталонците“ ќе испратат нов предлог до РБ Лајпциг.
Се чини дека Нико Вилијамс е се поблиску до останување во Атлетик Билбао, фудбалерот под притисок на семејството ќе ја одбие Барселона.
Но ситуацијата со Дани Олмо е сосема поинаква, тој приоритет и дава на Барселона и повеќе од желен е за трансфер на Камп Ноу.
Шпанецот го има прифатено предлогот кој му го доставиле „каталонците“ и сега чека двата клуба да пронајдат дил за трансферот.
Мундо Депортиво објави дека Барселона ќе достави втора понуда и на маса ќе стави предлог вреден 47 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси поврзани со бројот на натпревари на Дани Олмо и плус додатни 10 милиони евра во бонуси поврзани со освоените титули.
Претходно, РБ Лајпциг без размислување го одби предлогот вреден 40 милиони евра, плус додатни 20 милиони евра во бонуси.