Дани Олмо е пресреќен по дебито во дресот на Барселона со погодок за победа против Рајо Ваљекано и ја објасни прославата на голот.
„Каталонците“ ја искористија повредата на Кристенсен за да го регистрираат Дани Олмо и фудбалерот од средниот ред синоќа доби шанса да дебитира.
Летното засилување од 55 милиони евра веднаш направи разлика и постигна гол со кој Барселона го комплетираше пресвртот и стигна до победа од 1-2 над Рајо Ваљекано.
„Со нетрпение го чекав ова, се чувствував навистина добро, подготвен за настап. Еве денеска коенчно се случи, па навистина сум среќен што истрчав на теренот во дресот на Барселона и што му помогнав на тимот. Подобро деби не можев да посакам“ – рече Дани Олмо, кој е продукт на Ла Масиа.
Запрашан на која позиција преферира да игра, тој вели: „Каде ќе ме стави тренерот, таму ќе играм, ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе. Денеска играв зад Роберт Левандвоски, но можем да играм и како лево, и како десно крило“.
За начинот на кој го прослави голот и зошто „покажуваше“ на часовник, Шпанецот вели: „Има еден НБА кошаркар кој навистина ми се допаѓа – Демјан Лилард. Тој го прави овој гест секогаш кога ќе постигне важни поени, ми се допаѓа гестот па решив да го применам вечерва“.
Dani Olmo does the “Dame time” celebration of NBA superstar Damian Lillard. ⏰🇪🇸🇺🇸pic.twitter.com/NBkiE9Whvl
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) August 27, 2024