Медиумите од Шпанија и Италија пренесуваат дека Дани Олмо добил интересна понуда од Милан, да игра на Сан Сиро до крајот на сезоната, а потоа да се врати во Барселона.
Иднината на Дани Олмо во Барселона е под голем знак прашалник откако Ла Лига одби да го регистрира фудбалерот за продолжението од сезоната.
„Каталонците“ сепак не губат надеж и ќе се обидат преку судски пат да го вметнат Шпанецот во составот.
И додека трае целата таа неизвесност, медиумите од Шпанија и Италија пренесуваат дека Дани Олмо добил интересен предлог од Милан.
„Росонерите“ се подготвени на фудбалерот да му понудат договор на шест месеци, и на овој начин да му овозможат да игра фудбал во во вторито дел од сезоната, а потоа повторно да се врати на Камп Ноу и да го продолжи својот сон за настап во дресот на Барселона.
Во моментов Дани Олмо не размислува за друг клуб и верува дека Жоан Лапорта и неговите соработници ќе најдат решение за неговата ситуација, но предлогот на Милан делува прилично примамлив.