Дани Алвес: Не играм за пари

by
1 минути читање

По една година, Дани Алвес заминува од Јувентус, неговиот следен клуб најверојатно ќе биде Манчестер Сити.

Алвес одигра одлично, особено во вториот дел од сезоната кога беше клучен за неколку важни победи, но на крајот ги разочара фановите на Јувентус со неколку изјави и брзото заминување од клубот.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите фанови на Јувентус, поминав една одлична година тука, им се заблагодарувам на соиграчите кои ме прочекаа како вистински професионалци какви што се играјќи за клуб кој освојува и игра финалиња“ – вели Дани Алвес.

„Им се извинувам на фановите на Јувентус доколку тие помислија дека сум направил нешто со што сум ги навредил. Тоа никогаш не било моја намера, едноставно имам многу спонтан начин на живот кој многу малку луѓе можат да го разберат, не сум перфектен но моето срце е чисто“.

„Денеска ја завршувам мојата работа во Јувентус и со мене ќе ги земам сите оние кои со љубов и вистинско срце го прават Јувентус голем клуб. Како што знаат сите, секогаш го говорам тоа што го чувствувам“.

„Чувствувам дека треба да му кажам благодарам на г-дин Марота за можноста која ми ја даде, тој е голем професионалец, човек кој си ја сака работата како малку други“.

„Не играм фудбал за пари, играм фудбал бидејќи ја сакам оваа професија и оние кои се дел од неа. Оставам на вас да судите за она што го направив до сега“.

„Го сакам фудбалот и парите никогаш нема да бидат причина да се преселам од едно на друго место“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×