Дани Алвес му го врти грбот на Пеп Гвардиола

by
1 минути читање

Во периодот кога „раскинуваше“ со Јувентус, се чинеше дека Дани Алвес тоа го прави за да се пресели во Манчестер Сити и повторно да работи со Пеп Гвардиола.

Гвардиола го сака Дани Алвес во тимот и Манчестер Сити има понуда за Бразилецот, но информациите велат дека тој веројатно ќе го одбере ПСЖ.

Дани Алвес веќе пристигнал во Париз каде треба да ги помине медицинските тестови и да потпише две годишен договор со ПСЖ.

Алвес тврдеше дека не ги одбира новите клубови според парите и тоа кој повеќе ќе му понуди. Но тешко е да се разбере дека поголем предизвик е ПСЖ и настап во француското првенство, отколку Манчестер Сити и играње во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани