Дани Алвеш ги искритикува играчите на Барса за недоаѓањето на ФИФА наградите

by
1 минути читање

Во текот на вчерашниот ден Барселона преку соопштение информираше дека нивните играчи нема да присуствуваат на свеченото доделување на наградите во Цирих бидејќи се подготвуваат за меч од Купот на Шпанија против Атлетик Билбао кој се игра во среда.

Недоаѓањето на играчите на Барса некои го протолкуваа и како бојкот поради тоа што Кристијано Роналдо, а не Меси ја доби наградата за најдобар фудбалер.

Четворица играчи на Барселона беа во тимот на годината, Пике, Иниеста, Меси и Нејмар, нивното отсуство најмногу го почувствува Дани Алвеш кој исто така беше во екипата за 2016, дојде како играч на Јуве, но заслугите што се најде меѓу најдобрите 11 беа поради партиите во Барселона минатата сезона.

„Според мене требаше да дојдат. И повеќе од подготвени се за натпреварот во среда. Треба да ја почитуваме нивната одлука, но мислам дека требаше да дојдат. На сцената видов многу од белите и се почувствував лошо“ – изјави Алвеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани