Данев: Респект за домаќинот, ама Вардар секогаш оди на победа

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар убедливо ја отвори новата сезона во ПМФЛ со победа над Пелистер од 4-1. Сега, во второто коло го очекува дуел со „братскиот“ тим на пелистерци Тиквеш.

Пред натпреварот својот став го сподели Димитар Данев кој блесна во првото коло од шампионатот.

Секако дека нè очекува тежок дуел. Сепак, Вардар е клуб кој секогаш и секаде оди на победа. Атмосферата во тимот е одлична по стартниот триумф против Пелистер и во Кавадарци одиме да ја потврдиме моменталната форма. Респект за домаќинот, Тиквеш е квалитетен тим, но ние сакаме да имаме три бода. Ќе дадеме сè од себе за да исполниме сè што ќе бара од нас тренерот Гоце Седлоски и подготвени сме да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Данев.

На гостувањето во Кавадарци вардарци ќе имаат поддршка од навивачката група „Комити“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×