Далот: Да бидам искрен, со Аморим како тренер можеме да ја освоиме Премиер лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед и по доаѓањето на Рубен Аморим одвреме навреме игра променливо. Нема португалскиот тренер магично стапче, а трпение од навивачите побара и десниот бек Диого Далот.

Сонародникот на Аморим нагласи дека под негово водство тимот може да дојде и до трофејот во Премиер лигата. Сепак, јасно е дека е потребно време кое тој го побара.

Ако сакате да бидам целосно искрен, со Рубен Аморим како тренер можеме да ја освоиме титулата во Премиер лигата. Мислам реалистично дека можеме да бидеме шампиони. Сепак, тоа што е најтешко за фановите да го разберат: потребно ни е време“, прокоментира Далот.

Моментално Манчестер Јунајтед се наоѓа на 13. позиција во Премиер лигата, а ќе игра и осминафинале во ФА Купот и Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×