Далиќ се договори со Шукер: Хрватска ги реши дилемите околу селекторското столче за Мундијалот

by
3 минути читање

Хрватска го одбра
потешкиот пат до Мундијалот во Русија откако пласманот висеше на конец по
ремито пред своја публика против Финска, следеше отказ за доста критикуваниот
во тамошната јавност, Анте Чачиќ, по што на сцена настапи Златко Далиќ.

Далиќ во целост ја
оправда довербата и следеше триумф на гостувањето кај Украина со што најнапред
се обезбеди место во баражот каде Грција немаше што да бара против мотивираните
Хрвати кои лесно обезбедија учество на големиот фудбалски турнир.

Од Хрватска пристигнува
потврда дека тамошната Фудбалска Федерација на чело со Давор Шукер постигнала
договор со Златко Далиќ да тој ги предводи „Коцкестите“ на Мундијалот идната
година.

Златко Далиќ во целост
ја оправда нашата доверма на натпреварите против Украина и Грција и со тоа се
исправивме на нозе по шокот со Финска. Како што брзо се договоривме откако
првиот пат се слушнавме, така се случи и овој пат каде постигнавме договор, тоа
сведочи дека имаме заеднички интерес, а тоа е успех на хрватската
репрезентација. Му честитам на тоа што го направи за краток временски рок,
покажа и докажа дека го заслужува селекторското место
“ рече првиот човек на
хрватскиот фудбал, Давор Шукер.

Горд сум на тоа што го
направивме во последните три натпревари бидејќи пласманот на Светското
првенство е од големо значење за целокупниот хрватски фудбал. Реков дека лесно
ќе постигнеме договор, тоа денес се потврди. Благодарам на укажаната доверба и
ветувам дека ќе дадам се
од себе
за репрезентацијата да игра на едно повисоко ниво
“ истакна Далиќ кој ужива
голема доверба во Хрватска за оваа позиција.

Подолг период се
шпекулираше околу селекторското столче на Хрватска, а во јавноста излегоа многу
тренерски имиња, овој пат дилемите се решени, Златко Далиќ ќе ги води „Коцкестите“
на Мундијалот во Русија каде Хрватите сигурно ќе имаат големи очекувања, или,
како што одредени тамошни медиуми велат
Ова е последна шанса за голем успех на генерацијата на
Лука Модриќ
.

 

Фото-вест: hns-cff.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани