1,5K
Хрватска потешко од очекувањата ја победи Данска. Триумф изборен дури по пенал серијата во која херој беше Данијел Субашиќ со три одбранети пенали.
„Останавме ментално силни, го контролиравме натпреварот и на крајот победивме. Тоа беше наградата за нашата напорна работа, начинот на кој ја изборивме победата ја прави уште послатка“, вели Далиќ.
„До овој меч игравме добри и победувавме на супериорен начин. Но имате и тешки моменти. Не одигравме добар натпревар на нивото од првите три меча. Но мојата верба во играчите е уште поголема по ваков натпревар“.
„Даниел Субашиќ е херој вечерва. Одбрани три пенали, а тоа не може да го видите секој ден. Беше нашиот спасител вечерва и честитки за него“.