Аргентина се
соочува со големи проблеми во пресрет на последното коло од групната фаза на
Светското првенство каде влегува само со еден освоен бод, и тоа од дуелот со
Исланд, откако завчера забележа убедлив пораз од 0-3 од Хрватска.
Хорхе Сампаоли е
на удар на аргентинската јавност, а и пошироко, неговиот тим игра под нивото, а
очигледно дека селекторот на Гаучосите заборави и на една мошне важна работа од
фудбалските натпревари, да му честиташ на противникот и кога ќе загубиш.
На оваа тема
проговори хрватскиот селектор Златко Далиќ кој откри дека Сампаоли не се
поздравил со него по крајот на мечот, а на ова тој додаде дека селекторот на
Гаучосите не може да биде голем тренер по еден ваков гест.
„Човек да загуби,
и да не се поздрави… Тоа никогаш не сум го направил, никогаш не сум си
заминал од теренот а да не се поздравам со противникот, и да сум загубил, и да
сум победил, никогаш. Во пресрет на мечот му подарив дрес од Хрватска и сега ми
е мило што ќе му остане тој подарок како спомен. Морате да бидете достоинствен
и да честитате, без оглед на тоа што се случило. Тој не ми честиташе и падна во
моите очи, тој не може да биде голем тренер“ рече Далиќ.