77
Иако загуби од Аргентина во полуфиналето, настапот на Хрватска на Мундијалот во Катар е успешен. Далиќ ги предводеше коцкестите до место меѓу четирите најдобри во светот.
„Можеби оваа е крај на една голема генерација на светските првенства, некои од играчите веќе влегоа во одредени години и ќе мора да видиме што ќе биде до 2026 година. Имаме одличен тим и некои од играчите ќе се опростат на Европското првенство. Јас ќе продолжам да бидам селектор. Мојот договор истекува во 2024 година. Имаме уште и Лига на нации и квалификации. Целта ми е да ја водам Хрватска на ЕВРО 2024“, вели Далиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.