Далиќ: Моите момци не се нормални!

by
1 минути читање

Златко Далиќ е диригентот на хрватскиот оркестар кој ќе игра во последниот меч на Светското првенство и ќе се бори за најголемиот фудбалски пехар. Но тој ги величи само своите играчи.

„Им честитам на моите момци, тие не се нормални. Јас ништо не остварив, се направија моите момци. Ова што го одиграа е фантазија, како се бореа, како трчаа. Им благодарам на нашите навивачи во целиот свет, во Хрватска и во Босна и Херцеговина“, изјави селекторот Далиќ по мечот.

„Полека одиме, уште не сме застанале. Ова е за историја. Остануваме во Москва и ако даде Бог ќе бидеме шампиони на светот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани