Далиќ: Фарски Острови одиграа како да се една од најдобрите селекции на светот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, беше изненаден што неговиот тим се мачеше против аутсајдерот Фарски Острови во меч од квалификациите за Мундијал 2026. Од сѐ што се случуваше на далечното гостување, како што рече стратегот, ќе се памети само резултатот.

Се паметат бодовите и друго ништо. Очекувавме тешка утакмица, но не толку. Испадна како да играме против некоја од екипите кои се во првите пет на светот. Многу лоши работи и грешки, натпревар за заборав. Не трчавме многу назад, противникот нѐ намачи многу и имаше прилики. Причина? Многу работи влијаеја, почна од теренот и времето, и многу проблеми кај нас. Многу промени и изостанувања“, изјави Далиќ.

Она што најмногу го загрижи селекторот беше тоа што противникот имаше повеќе енергија и желба од неговите фудбалери.

Фарски Острови имаа повеќе волја, трка и агресија. Мораме ова да го анализираме. Се надевам дека нема да повториме ваков настап бидејќи ова не беше добро. Мораме тоа да го анализираме. Првпат после долго, долго време волјата за игра не беше на високо ниво, противникот повеќе трчаше и беше поагресивен. Но мораме да се свртиме кон Црна Гора и ова да го заборавиме“.

Хрватска следниот меч ќе го одигра во понеделник, кога на „Максимир“ ќе ѝ гостува Црна Гора предводена од легендата на хрватскиот фудбал Роберт Просинечки. Црногорците на свој терен беа поразени со 2-0 од Чешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×