Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, Баерн ја декласираше Аталанта во Бергамо со убедливи 6-1. Головите за германскиот гигант постигнаа Станишиќ, Олисе (два), Гнабри, Џексон, и Мусиала, додека единствениот стрелец за италијанскиот тим беше Пашалиќ.
Меѓутоа, покрај високиот триумф, натпреварот го обележа и необична ситуација со двајца играчи на Баерн, која поттикна прашања за наводно намерно добивање жолт картон. Џошуа Кимих и Михаел Олисе, беа под закана за суспензија во случај да добијат јавна опомена.
При резултат 6-0, Олисе, кој со два гола и една асистенција беше прогласен за играч на натпреварот, доби жолт картон во 77. минута поради одолжување при изведување на корнер. Само седум минути подоцна, неговиот соиграч и капитен Џошуа Кимих постапи на ист начин, па и него судијата му покажа картон.
Со оглед на практично обезбедениот пласман во следната фаза, веднаш се појави прашањето дали Кимих и Олисе намерно добиле жолти картони за да го пропуштат реваншот на 18 март во Минхен и да влезат во четвртфиналето без ризик од суспензија.
Вакви ситуации во европскиот фудбал имало и во минатото, Рамос во сезоната 2018/2019 и отворено призна дека имал намера на таков начин да се „исчисти“ од картони, меѓутоа сега Кимих по дуелот тврдеше дека немал намера да го предизвика судијата му покаже жолт картон.