На дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, Диего Коста беше исклучен
откако му дофрли нешто на судијата. Напаѓачот беше лут поради тоа што не доби
прекршок, па се упати кон арбитарот, му кажа нешто а Хесус Хил Манзано без
двоумење му покажа црвен картон.
Во својот записник за мечот на Камп Ноу, Хесус Хил Манзано ја наведе
причината за црвениот картон. Тој напиша дека во 28. минута од мечот, Диего
Коста со висок тон два пати му се обратил со зборовите „me cago en tu puta madre“, фраза што во
буквален превод значи „да и се по*ерам на твојата еб*на мајка“.
Беше заведен и уште еден инцидент, односно откако бил исклучен,
напаѓачот два пати го фатил за рака судијата со цел да го спречи да покаже
жолти картони на Хименез и Годин, кои исто така влегоа во бележникот.
За ваквото однесување, на Диего Коста му се заканува осум меча суспензија
(четири за пцовката и четири за тоа што го фатил судијата за рака), со што
практично сезоната за него ќе биде завршена.
Но пред да ја донесе својата одлука, дисциплинската комисија при
Фудбалската федерација на Шпанија денеска побара од судијата Хесус Хил Манзано
да го разјасни црвениот картон кој му го додели на Диего Коста и му даде рок
од 24 часа да го стори тоа.
Причина за ваквиот потег е тоа што има конфузија околу точната пцовка која
била кажана. Камерите на Вамос го уловија целиот дијалог и од ова се добива
една поинаква слика. Според анализата на овие снимки, пцовката е „la puta madre
que te parió“, односно непријатна навреда за мајката на Хил Манзано. Дополнително, Диего Коста се правда дека употребил „МЕ“ а не „ТЕ“ и
всушност пцовката која ја кажал се однесувала на него а не на судијата.
Па дисциплинската комисија сака да ги има сите факти, и да не биде направена грешка поради која Диего Коста ќе може да се извади и да помине без казна.