Дали Салах ќе игра против Брајтон?

by bojan
1 минути читање
Салах

Мохамед Салах беше отстранет од тимот за мечот против Интер во Лигата на шампиони, а се говори дека големи се шансите тој да не биде во комбинација и за пресметката против Брајтон во Премиерлигата.

Мохамед Салах излезе со експлозивно интервју во саботата, се пожали дека бил пуштен низ вода и посочен како главен виновник за лошите резултати на Ливерпул.

Напаѓачот исто така откри дека нема никаков однос со тренерот Арне Слот, и неговите коментари не поминаа добро на „Енфилд“.

Арне Слот реши да го казни Мохамед Салах и да го изостави од тимот за мечот против Интер во Лигата на шампиони, кој „црвените“ вчера го добија со 0-1.

Сега се поставува прашањето кога и дали Мохамед Салах ќе се врати во составот, со оглед на тоа дека му претстои настап на Купот на Африкански нации, а потоа и зимскиот преоден рок и можност за трансфер.

Како што пренесува Токспорт, големи се шансите тој да не биде во комбинација за пресметката против Брајтон во сабота.

Се шпекулира дека Мо Салах одбива да се извини, па затоа и понатаму ќе биде надвор од тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×