Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски два дена по промената на претседателот и доаѓањето на Масар Омерагиќ, се отвора можноста за кам-бек на двете ѕвезди на Динамо Загреб.
Главна алка се очекува да биде Горан Пандев, кој е во одлични односи со Ристовски и Адеми, а сега во ФФМ ќе биде спортски директор. Веќе беше најавено од страна на претседателот дека ќе има обид да се „испеглаат“ односите меѓу екс-капитенот и селекторот Благоја Милевски кои во минатото беа нарушени.
Сега на социјалните мрежи Ристовски практично го најави враќањето во репрезентацијата. Тој објави фотографија од него и Аријан Адеми во опремата на репрезентацијата на Македонија, а тоа е добар знак…
Дефинитивно Македонија е земја која не може да си дозволи во репрезентацијата да не ги користи двајцата играчи кои се стандардни со Динамо Загреб во Лигата на шампионите.