Дали Реал излажа за повредата на Мбапе?

by 24 фудбал
1 минути читање

Во Реал Мадрид и околу него се појави несогласување околу повредата и времето за враќање на Килиан Мбапе на терен. Клубот сака Французинот да биде подготвен за реваншот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но луѓето од неговиот близок круг се противат на прерано враќање.

Иако Реал официјално соопшти дека станува збор за истегнување на левото колено, новинарот Антон Меана од „Кадена Сер“ тврди дека повредата е посериозна и дека лигаментот е на граница на издржливост и е пред кинење.

Поради тоа, во таборот на Мбапе стравуваат дека форсирањето за натпреварот со Манчестер Сити може да доведе до потешка повреда, особено со оглед на тоа што до Светското првенство во 2026 година има околу 100 дена.

Тренерот Алваро Арбелоа порача дека клубот ќе оди чекор по чекор и нема да поставува рокови за неговото враќање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×