ПСЖ можеби беше подобар противник од „Кралевите“, но тоа не им значи ништо бидејќи Реал Мадрид на крајот славеше со 3-1 и си обезбеди пристојна предност пред реваншот во Париз.
По крајот на натпреварот, од таборот на „Светците“ веднаш се пожалија дека Реал имал помош од судијата.
По Џанлука Роки прв „удри“ претседателот Насер Ал Келаифи, а на иста бранова должина беше и тренерот Унаи Емери.
„Одигравме добро, покажавме карактер и мислам дека заслуживме многу подобар резултат“ – рече Емери.
„Но одлуките на судиите ни одмогнаа. Ако стартот на Ло Селсо врз Крос беше за пенал, тогаш и играњето со рака на Рамос беше пенал. Судијата донесе одлуки со кои бевме оштетени“.

Спорниот момент за кој зборува тренерот на ПСЖ се случи на стартот од вториот дел кога ударот на Рабио беше блокиран од капитенот на Реал.
Топката заврши во раката на Серхио Рамос која беше прилепена до телото, но шутот одеше кон гол па се поставува прашањето дали Роки требаше и по втор пат да покаже на белата точка?