Дали ПСЖ навистина е подготвен да плати 222 милиони евра за Нејмар?

by
1 минути читање

Уште едно лето Нејмар и ПСЖ се во фокусот на медиумите.

Слично како и изминатите години, се говори дека „Светците“ се подготвени да ја активираат откупната клаузула, која сега изнесува 222 милиони евра.

Веста за можен трансфер на Нејмар прв ја обелодени каталонскиот весник Спорт, кој е близок до раководството на Барса.

Потоа следуваа уште неколку извештаи, АС пренесе дека таткото на Нејмар оваа недела ќе има средби со лидерите на ПСЖ, а Марка пак објави дека „Светците“ се подготвен да ја платат откупната клаузула доколку напаѓачот даде зелено светло и каже ДА.

Слична сторија напиша и добро упатениот новинар Џанлука Ди Марзио, кој на својот блог објави дека ПСЖ плаќа 222 милиони евра за Нејмар.

Според Лекип, прашање е дали ПСЖ навистина е подготвен да ја активира откупната клаузула на Бразилецот.

Реномираниот весник од Франција, вели дека лидерите на ПСЖ не се задоволни од семејството на Нејмар и нивните неискрени намери, и чуствуваат дека минатото лето само им помогнале играчот да обезбеди нов побогат договор од Барселона.

„Нема уште еднаш да бидеме дел од шоуто Нејмар, клаузулата е огрома, мораме да бидеме реални“ – вели извор близок до ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани