Дали проектилот на Аџиќ требаше да биде поништен или во ВАР собата донесоа добра одлука? (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Василија Аџиќ синоќа се прослави откако со проектил од 30 метри го реши „Дербито на Италија“, но еден потег на Кефрен Турам непосредно пред голот за 4-3 покрена голема дебата во Калчото.

Јувентус синоќа во драматичен натпревар со 4-3 го совлада лутиот ривал Интер, домаќините стигнаа до големо славје со голот на Василије Аџиќ во 91. минута од мечот, 19 годишниот Црногорец испрати проектил од 30 метри и прекрасно ја затресе мрежата.

Но еден потег на Кефрен Турам непосредно пред голот за 4-3 покрена голема дебата во Калчото, фудбалерот од средниот ред имаше контактот со Анж Јоан Бони, кој падна на тревата и се жалеше на удар во лицето.

Поранешниот судија Марели, кој сега работи како експерт за ДАЗН смета дека ВАР донел исправна одлука со тоа што не го поништил погодокот н Аџиќ.

„ВАР прегледуваше два моменти и два контакти во дуелот помеѓу Турам и Бони. Прво имаше контакт со нозете, но тој не беше значаен“ – вели Марели.

„Што се однесува за ударот во лице за кој Бони се жалеше, мора да се признае дека контактот беше многу благ, па сосема коректно е тоа што ВАР го потврди голот на Аџиќ“.

Дуелот помеѓу Турам и Бони се одвиваше пред Коломбо, па беше забележан и од судиската камера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×