Мурињо со Интер ја освои историската тројна круна, италијанските медиуми пишуваат дека тој би можел да се врати во клубот, иако некои велат дека раководството го преферира Конте.
Тој се поврзува и со Рома, но се пишува и за Лион и Баерн Минхен.
Во една од последните негови изјави тој ги фали италијанските медиуми споредувајќи ги со оние во другите земји каде што работел. Можеби ова значи дека веќе одлучил да се врати во Италија.
„Најдобрите новинари се оние кои знаат најмногу за фудбалот, а според мене тоа се Италијанците. Тие се толку заинтересирани за фудбал, сакаат да знаат и да разберат сè за спортот. Без сомнение тие се најподготвени и имаат многу богат речник кога дискутираат за фудбал“, вели Мурињо.
„Португалските медиуми се многу добри, но има јасна разлика во Британија меѓу новинарите и коментаторите, ми изгледа дека има тенденција во зависност од тоа кој го сакаат а кој не. Има некои коментатори кои себеси се гледаат како големи експерти, но маските паѓаат кога од екранот ќе седнат на компјутерот“.
„Шпанските медии го ценат фудбалот и клубовите за кои навиваат. Тие го живеат 24 часа во текот на денот, но често имаат преголемо влијание од клубовите кои ги сакаат“.